X
 11.08.2023 Економија

Метро, нов мост и нови станици: Еве како ќе изгледа Белград во 2027 година

Во 2027 година, Белград ќе биде светска престолнина на образованието, културата и иновацијата бидејќи таму ќе биде одржана Светската изложба позната како ЕКСПО (EXPO).

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги претстави плановите за инвестициите во повеќе проекти во пресрет на настанот. Плановите треба да го сменат лицето на Србија, но и да го подобрат културниот и економски живот на нејзините граѓани. Меѓу другото, ќе се градат нови автобуски и железнички станици кои треба да го олеснат патувањето до градот и до местото каде ќе се одржува изложбата.



Освен тоа, ќе биде реконструирана и старата железничка станица и на тоа место ќе се најде нова зграда на поштата. Ќе се реконструира и стариот Железнички мост, кој ќе стане нов пешачки мост, а на него ќе има ресторани. На Сава ќе биде изграден нов мост, а наскоро ќе започне работата на метро во градот. Во Белград се гради и нов саем во кој ќе биде организирана Светската изложба.

Погледнете како ќе изгледа Белград во 2027 овде.

Извор и насловна фотографија: 24sedam
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија