X
 06.03.2024 Живот

Србија воведе задолжително регистрирање на електричните тротинети

Сопствениците на електрични тротинети во Србија имаат време од 5 април до 15 јуни да ја завршат регистрацијата, по што започнува контролата, изјави Мирко Коковиќ од Агенцијата за безбедност во сообраќајот.

РТС потсетува дека стапи во сила регулативата за регистрација на лесни електрични возила тротинети. Со правилникот се уредува начинот на издавање, водење евиденција, изгледот и начинот на ставање налепници.

Лесните електрични возила или електрични тротинети ќе може да се регистрираат од 5 април, додека на 15 јуни во сообраќај ќе можат да учествуваат само оние со валидна регистрација, изјави Мирко Коковиќ од Агенцијата за безбедност во сообраќајот.

За да се добие налепница, потребна е техничка документација од која може да се одреди марката на самиот тротинет, максималната номинална моќност на електромоторот што го придвижува, потоа брзината која не смее да надмине 25 километри на час, како и масата на празно возило.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот