X
 27.01.2016 Образование

Мнозинството српски студенти се компјутерски неписмени


 
Вкупно 84 отсто од студентите на четири српски факултети, може да се каже дека се компјутерски неписмени, затоа што не знаат да користат Ексел кој е еден од четирите основни задачи за компјутерска писменост, пренесува „Блиц.рс". Ова го покажало истражувањето што го направила една невладина организација, во кое учествувале 202 студенти од Факултет за организациони науки, Факултет за политички науки, Економски факултет и од Правен факултет.

До резултатите стасале со анонимна анкета и според методологијата на републичкиот завод за статистика и Европската Унија, едно лице може да се смета за компјутерски писмено ако знае да сработи четири задачи - да напише нешто во Ворд, да направи графикон во Ексел, да најде информација на Интернет како и да прими и испрати мејл.

- Дури 84 отсто од вкупно 202 анкетирани студенти тврдеа дека знаат да користат Ексел, еден од трите основни програми од пакетот на Мајкрософт за канцелариски програми, кои ги има на секој компјутер. Но, само 14 отсто знаеле да соберат низа од девет броеви во овој програм, а помалку од пет отсто од студентите знаеле да направат наједноставен график - велат во истражувачите.

Истото истражување покажало дека основните стручни термини на англиски јазик не ги знаат 72 отсто од студентите, односно дека таквата состојба е последица на фактот дека скоро и нема практична настава на тие факултети, како и дека мнозинството професори одржуваат настава на начин на кој е тоа правено пред повеќе од 30 години.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование