Сите оние кои стравуваат од дистописка иднина во која човештвото ќе ги препушти своите клучни одлуки и етички дилеми на алгоритмите на вештачката интелигенција добија нова причина за загриженост. Пример за тоа даде шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Неодамна, во едно интервју за нордиски медиум, Кристерсон призна дека повремено се консултира со популарниот четбот „Чет-ГПТ“ околу стратегии за водење на државата.
- Го користам и јас прилично често. Ако не за ништо друго, тогаш за второ мислење. Што направиле другите? И дали треба да мислиме сосема спротивно? Такви прашања - изјави Кристерсон.
Неговата изјава предизвика лавина критики. Вирџинија Дигнум, професорка за одговорна вештачка интелигенција на Универзитетот Умео, предупреди на опасностите од таков пристап.
Не гласавме за „Чет-ГПТ“
- Колку повеќе се потпираме на вештачката интелигенција за едноставни работи, толку е поголем ризикот од преголема доверба во системот. Тоа е лизгав терен. Мора да бараме гаранции за доверливост. Не гласавме за „Чет-ГПТ“ - вели Дигнум.
Критиките ги поддржаа и други медиуми, истакнувајќи дека управувањето со држава со помош на четбот не е правецот по кој треба да оди западната цивилизација.
- Штета за Шведска што вештачката интелигенција главно претпоставува. Четботовите. повеќе сакаат да напишат она што мислат дека сакате да го слушнете, отколку она што треба да го слушнете - вели новинарката Сигне Кранц.
Со тоа, Кранц укажува на добро позната слабост на четботовите - склоноста да даваат пристрасни или неточни одговори со цел да го задоволат корисникот. Во рацете на политичар што поставува сугестивни прашања, таквата алатка може да служи само за потврдување на постоечките ставови, наместо за давање објективен совет. За среќа, изгледа дека повеќето политичари сè уште не го гледаат „Чет-ГПТ“.
Технологијата и носењето одлуки
Останува нејасно дали Кристерсон навистина се потпира на вештачката интелигенција при извршување на своите должности или едноставно сакал да изгледа современ со тоа што ќе ја спомене популарната технологија. Сепак, неговиот случај го потврдува растечкиот тренд на потпирање на технологијата за задачи кои до неодамна беа исклучиво во доменот на човечкиот интелект. Тоа го отвора прашањето колку далеку може да оди оваа практика и како ќе влијае на нашата способност за самостојно размислување.
Извор:
Index.hr
Фото: Freepik