X
 19.10.2015 Технологија

Најголемите грешки при аплицирањето за работа

Скот Бејкон работел во центарот за кариера на „Google“ во 2013 и 2014 година. Тој бил одговорен за вработување луѓе за работните места во областа на софтверското и мрежното инженерство, но и во маркетингот и други области. Годината додека работел таму, Бејкон примил приближно 3 милиони професионални биографии. „Fast company“ разговараат со него за најголемите грешки при аплицирањето од страна на кандидатите.


Првиот поглед е важен

Работодавците имаат неколку секунди да погледнат во секое резиме и важно е работното искуство да го привлекува вниманието. Страница со празни редови е недозволива. Бејкон препорачува ставање на најважните информации во близина на горниот лев агол. Тука одат името и контактот. Се препорачува и ставање на имињата на компаниите за кои се работело и работното место.

Објективна изјава

Во последно време, резимињата вклучуваат и дел во кој кандидатот ги набројува најдобрите квалитети и вештини покрај искуствата. Во врска со овој дел, кој оди пред работното искуство, Бејкон предложува собирање 6-10 вештини и искуства за кои може да се зборува за време на интервјуто.

Премногу информации

Споменувањето на секоја работа која сте ја имале не е добра работа. Бејкон препорачува фокусирање на работните места кои се поврзани со она за кое се пријавувате. Ова се однесува и на најдолгите работни искуства.

Едно резиме не функционира за повеќе работодавци

Секое резиме треба да биде средено соодветно на работното место и компанијата, посочувајќи кон вештините и користејќи зборови и фрази кои се специфични за таа индустрија.

Впрочем, што сте постигнале?

Кога ги набројувате обврските во работата, работодавачот не може да види што сте постигнале на работното место. Добро правило според Бејкон е користење еден ред за обврска, а два редови за достигнувања.

Никој не сака здодевни зборови

- Двата зборови кои речиси секогаш ме поттикнуваат да се откажам од резиме се синергија и динамичност - вели Бејкон. Можеби овие зборови биле корисни некогаш, но сега се толку влезени во корпоративниот свет што изгледаат здодевно и безначајно. Користете го јазикот кој се користел во огласот за работа и тоа е доволно.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија