X
 11.11.2024 Живот

Четири прашања што ќе ви помогнат да одлучите дали да ставите зимски или четирисезонски гуми

Не сте сигурни дали цела година да возите со четирисезонски гуми или во зима да си монтирате зимски гуми? Не постои унифицирано правило што би важело за секој возач. Најлесно ќе дојдете до одговор ако си ги поставите овие четири прашања.

Во какви временски услови возите? Ако сте возач кој ретко го вади автомобилот од гаража кога има снег и повеќе вози низ град, каде што снегот брзо се чисти од коловозите, тогаш ќе ви бидат доволни квалитетни четирисезонски гуми.

Кога веќе го споменавме возењето во град, вашето следно прашање мора да биде: Каде живеете? Ако живеете во место каде што во зима често има снег и мраз, купете си добри зимски гуми. Во спротивно, можете слободно да си користите четирисезонски.

Секако, важно е и дали зимно време често одите на планина. Ако сакате зимски спортови и задолжително одите на скијање, тогаш нема што да се двоумите. На вашиот автомобил му се потребни врвни зимски гуми.

На крај, треба да се запрашате и колку километри во просек минувате годишно со вашиот автомобил. Ако се помалку од 15 илјади, четирисезонските гуми се вистинскиот избор за вас. Така ќе заштедите и при замена и складирање на гумите.

Четирисезонските гуми веќе не се занемарлив фактор. Возачите се одлучуваат за нив поради повеќе причини, а најмногу поради тоа што поновите генерации на такви гуми имаат сè подобри перформанси во различни услови, во зависност од годишното време. Но, улога имаат и трошоците. Цената на зимските гуми не е занемарлива, тука се и трошоците за замена, а некои луѓе се принудени да плаќаат и за складирање.

Извор: Jutarnji
Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот