X
 04.01.2016 Технологија

Еден милион слободни работни места за само една професија во 2016

Доколку размислувате за промена на кариерата во 2016 година, можеби треба да размислите за пазарот на безбедност на интернетот.


Се очекува дека вредноста индустријата за сајбер-безбедност ќе порасне од 75 милијарди долари во 2015 до 170 милијарди долари во 2020 година.

Тоа е област во која професионалците во сајбер-безбедност се „борат“ против сајбер-криминалците, односно хакерите.

Моментално, во САД има над 209.000 отворени работни места во оваа област, а биле објавени 74% повеќе огласи за вработување во последните 5 години според Бирото за вработување на САД. Еден извештај од

„Циско“ ја наведува бројката од 1 милион слободни работни места во сајбер-безбедноста во светот. Побарувачката за работна сила во областа се очекува да порасне на 6 милиони до 2019 во целиот свет.

Платата за оваа работа изнесува просечно 65.000 долари годишно.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија