X
 12.02.2024 Наука

Огромен сателит треба да падне на Земјата: Какви се шансите некој да биде повреден?

По 16-годишното орбитално патување, европскиот сателит наречен „ERS-2“, лансиран во април 1995 година, треба да падне на Земјата овој месец.

Мисијата на споменатиот сателит заврши на 5 септември 2011 година и оттогаш сателитот помина низ низа деорбитни маневри за да се обезбеди контролирано влегување во атмосферата на Земјата. Првично со тежина од 2.512 километри при лансирањето, сателитот, сега без гориво, тежи приближно 2.292 килограми.

Деорбитирањето игра клучна улога во управувањето со вселенскиот отпад, спречувајќи потенцијални судири во орбитата и минимизирајќи го создавањето на дополнителен вселенски отпад. Ова контролирано спуштање го олеснува усогласувањето со прописите за вселенски сообраќај и помага да се избегнат сателитите кои се задржуваат на фреквентните вселенски „автопати“.

Со спуштањето на височина од околу 80 километри, се очекува тој повторно да влезе во атмосферата на Земјата и да се распадне во средината на февруари 2024 година. Од Европската вселенска агенција нагласуваат дека иако повторното влегување се следи внимателно, невозможно е да се предвиди точното време и локација на распаѓањето на сателитот. Агенцијата уверува дека секој создаден отпад нема да содржи штетни материи и најверојатно ќе падне во океан.

Од ЕСА нагласуваат дека иако постои минимален ризик, веројатноста некој да биде повреден од таков отпад е помала од 1 на 100 милијарди, што е статистика приближно 65.000 пати помала од ризикот некој да биде погоден од гром.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука