X
 12.03.2020 Живот

Интерворкс стана партнер со компанија-ќерка на германскиот телекомуникациски гигант Deutche Telekom – T – Systems Netherlands

Интерворкс ДООЕЛ, ИТ-компанија со седиште во Битола и канцеларии во Прилеп, Скопје, Македонија, а од неодамна и во Амстердам, Холандија, објави дека почнувајќи од февруари 2020 година потпиша партнерство со T-Systems Netherlands, компанија-ќерка на најголемиот телекомуникациски провајдер во Европа - Deutsche Telekom.

Развојот на технологијата и појавата на нови производи води кон брзи промени во бизнис-светот. Самото тоа води кон зголемени очекувања од страна на клиентите, кои секоја компанија ги има, па освен тоа што е потребно компаниите да им даваат услуги на своите клиенти во избирањето на правилните алатки, производи и хардвер, потребно е да ги водат и низ процесот на дигитализација.

Поради тоа што создавањето вредност и споделувањето знаење се едни од главните компаниски вредности на Интерворкс, чест ни е да најавиме дека од почетокот на февруари 2020 Интерворкс стана партнер со T-Systems Netherlands, компанија-ќерка на германскиот телекомуникациски гигант во Европа - Deutche Telekom.



T-Systems стануваат лидери во дигиталната трансформација и ги водат нивните сегашни, како и идни клиенти низ дигиталниот пат, започнувајќи од градење дигитална свесност и стратегија, преку развој на Proof of Concept, па сè до обезбедување комплетно оперативни решенија.

За да ја овозможи оваа трансформација и развој, T-Systems стана партнер со Интерворкс, кој стратешки ќе го поддржи во развојот на својата идеја за холандскиот и европскиот пазар. Интерворкс на својот партнер T-Systems ќе му обезбеди поддршка и знаење во процесот на формирање на дигиталната стратегија, како и поддршка во следните области: податоци, интеграција на податоци, аналитика, вештачка интелигенција, развој на апликации и оперативна поддршка.

Интерворкс заедно со T-Systems, Холандија, верува дека ова партнерство ќе води кон креирање нови бизнис-модели преку иновативни проекти во полето на IoT, кои ќе бидат корисни за сите.

Оригинален текст: https://interworks.com.mk/interworks-seals-new-partnership/

Интерворкс е ИТ-компанија која постои на пазарот од 2004 година и е позната по искуството со трите интеграциски алатки MuleSoft, SnapLogic, TIBCO, го има еден од најголемите оддели за Quality Assurance и знаење и искуство за вештачка интелигенција, машинско учење, Big Data, Microsoft, PHP, Mobile Development, AWS Cloud, Data Management, Business Support, и DevOps. Освен T-Systems, Интерворкс е партнер и со SnapLogic, Atlassian, Microsoft, Xray, Inflectra и други.

За повеќе информации, посетете ја www.interworks.com.mk

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот