X
 28.03.2019 Технологија

„Интерворкс“ една година успешно испорачува софтвер од својата канцеларија во Прилеп

„Интерворкс“ успешно испорачува софтвер од својата канцеларија во Прилеп изминатите 365 дена. Првиот роденден на канцеларијата е токму во  април. По тој повод разговаравме со Симона (одговорна за одделот на SnapLogic) и Славчо (кој стои зад тимот Support and maintenance), кои ни раскажаа повеќе за успешната приказна што се случува цела година во Градот под Марковите кули.

Што за тебе значеше отворањето на канцеларијата во Прилеп?

Симона: Иако патувањето знае да биде многу интересно, кога го правиш тоа на дневна основа и губиш цели два часа од денот во возење кон Битола и назад, тоа почнува да станува и повеќе од заморно. Новите два часа што после 5 години ги имам во мојот ден ги користам максимално (да вежбам, да се видам со луѓето што ги сакам, да прочитам некоја книга и сл.). Бидејќи живеам на 5 минути од канцеларијата, буквално ми се олесни животот во многу сегменти, почнувајќи од трошоци до квалитетно користење на времето.

А, пак, кога си во канцеларија каде што има мал број луѓе (20), времето го поминуваш како во фамилија. Сите се грижат за просторот, еден за друг, за процесите и тоа прави една хармонична атмосфера, која ти дава мотив за следниот ден да одиш со насмевка на работа.

Како и дали нешто се промени во „Интерворкс“ по отворањето на канцеларијата во Прилеп?

Славчо: Самата идеjа дека „Интерворкс“ ќе се проширува и ќе се отвораат канцеларии во други градови низ Македонија беше еден голем чекор за нашата компанија.

Грaдот Прилеп беше прв на таа листа бидејќи имаме многу наши колеги што секојдневно патуваа на релација Прилеп-Битола и компанијата сакаше да направи нешто за нив и да им излезе во пресрет.
Кога пред една година се оствари таа идеја, многу од нашите колеги беа среќни и продуктивноста се зголеми бидејќи заштеденото време сега го поминуваат со пријателите и семејството.

Исто така, позитивно е што во нашиот град се отвори ИТ-компанија која работи по светски стандарди и која би можела да влијае врз враќањето на многу прилепчани од ИТ-индустријата кои заминале надвор од државата за да бидат поблиску до своите семејства.



Колку луѓе сте моментално во Прилеп и на кои технологии се работи?

Симона: Моментално сме 20 луѓе кои работат од прилепската канцеларија и иако можеби повеќето сме независни еден од друг, сепак функционираме како еден квалитетен тим. Без разлика на тоа што сме на различна локација, тесната поврзаност со главната канцеларија на „Интерворкс“ е нераскинлива. Комуникацијата се одвива на завидно ниво и впрочем се фокусираме да функционираме како една целина со тимовите од Битола.

Технологиите не се тесно поврзани со самата канцеларија и локација, туку со самиот човек. Доколку човекот сака да работи од канцеларијата од Прилеп, без разлика во која технологија работи и во кој тим припаѓа, работи од Прилеп и комуницира со колегите од Битола на дневна основа. DevOps, Support, SnapLogic, PHP, Data Management, .NET, QA, SalesForce се само дел од сегментите во кои членовите на тимот се експерти.

Отворени сме и се стремиме да го прошириме својот домен, со што ќе имаме барем по еден претставник од секоја пракса, што значи дека се надеваме на зголемување на бројот на вработени во идниот период.



Кои се идните планови на прилепската канцеларија?

Славчо: Сите знаеме колку динамично и брзо се движи ИТ-индустријата во светот. „Интерворкс“ како компанија го следи тој тренд и неуморно работи на обучување/усовршување на своите вработени во различни области и технологии. Нашиот едукативен центар неодамна почна со работа и има цел да им овозможи обука на луѓе што ја сакаат информатиката. Според тоа, предвидувањата се дека во следните 2 години 25-30 луѓе би добиле вработување кај нас и би ни се придружиле во исполнување на нашата визија и мисија.

Во изминатата година канцеларијата во Прилеп во согласност со социјално одговорните практики на „Интерворкс“ активно беше вклучена во спонзорирање на неколку спортски настани, а исто така и во неколку доброволни донации, па очекуваме во иднина сите тие донации и спонзорства во јавните дејности да продолжат и да се зголемуваат.

4 април е денот кога нашата канцеларија во Прилеп ќе го прослави првиот роденден, па затоа ги покануваме сите заинтересирани што сакаат да дознаат нешто повеќе за компанијата и технологиите кои ги работиме тука, да дојдат во период од 10 до 18 часот и да размениме некои мислења и идеи, а и да се запознаеме поубаво.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија