X
 12.06.2021 Живот

Какви се шансите на Македонија на ЕП според УЕФА: „Луди нешта се случуваат!“

Утре, во 18 часот, нашата репрезентација ќе го игра својот прв натпревар против Австрија на Европското првенство 2020 година.

Со голот на капитенот Горан Пандев во 56. минута, нашата фудбалска репрезентација во ноември ја совлада Грузија со 1:0 и првпат во историјата обезбеди пласман на Европското првенство.

Еве како изгледа „личната карта“ на нашата репрезентација, според УЕФА.

Група Ц:

13.06: Австрија - Македонија (Букурешт)
17.06: Украина - Македонија (Букурешт)
21.06: Македонија - Холандија (Амстердам)

Селектор: Игор Ангеловски
Капитен: Горан Пандев
Како се квалификуваа: плејоф (2-1 против Косово, 1-0 против Грузија)
Најдобар успех на репрезентацијата: пласман на Европско првенство

Градови каде што ќе се игра нокаут-фазата:


Осмина-финале: Лондон, Букурешт, Глазгов или Будимпешта
Четврт-финале: Минхен, Санкт Петербург, Рим или Баку
Полуфинале: Лондон
Финале: Лондон

фудбал
Фото: Facebook/Фудбалска репрезентација на Македонија

Составот на репрезентацијата

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Валекано), Ристо Јанков (Работнички), Дамјан Сисковски (Докса Катокопија)

Дефанзивен ред: Езѓан Алиоски (Лидс), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Висар Мислиу (Фехервар), Кире Ристевски (Ујпест), Стефан Ристовски (Динамо Загреб), Дарко Велковски (Риека), Ѓоко Зајков (Шарлроа).

Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб), Енис Барди (Леаванте), Дрко Чурлинов (Штутгарт), Елиф Елмас (Наполи), Ферна Хасани (Партизани), Тихомир Костадинов (Ружомберок), Бобан Николов (Лече), Милан Ристовски (Спартак Трнава), Стефан Спировски (АЕК Ларнака).

Напад: Даниел Аврамовски (Кајсериспор), Горан Пандев (Џенова), Марјан Радески (Академија Пандев), Влатко Стојановски (Чамбли), Александар Трајковски (Мајорка), Иван Тричковски (АЕК Ларнака), Крсте Велковски (Сараево).

Како играат?

Стилот на Македонија може да се менува од натпревар во натпревар. Селекторот Игор Ангеловски ја постави својата екипа во различни формации. Неговата најчеста тактика е распоредување на формација 3-5-2, а крилата одат напред и ја носат топката во казнениот простор. Без топката, кога се во одбрана, крилата се враќаат назад и се трансформираат во бекови, формирајќи тактика 5-3-2.

Клучен играч: Горан Пандев

Триесет и седумгодишниот Пандев ја заврши својата 20. сезона во Серија А со препознатливата креативност и визија во играта. Капитенот на Македонија, инаку најдобар стрелец и со најмногу настапи за Македонија, ја водеше репрезентацијата во финалето на плејофот, победувајќи ја Грузија со резултат 1:0. Пандев изјави дека ќе се пензионира веднаш по Европското првенство 2020 година.

2
Фото: Фејсбук/Фудбалска репрезентација на Македонија

Селектор: Игор Ангеловски


Игор Ангеловски беше именуван за селектор во октомври 2015 година, откако го водеше тимот на „Работнички“ од 2013 до 2015 година. Тој зад себе има над 50 натпревари на кормилото на националниот тим и моментално е со најголем стаж од досегашните македонски селектори.


Дали репрезентацијата на Македонија има шанси да победи?


Македонија заврши трета во квалификациската група: највисок пласман што досега го имала уште од осамостојувањето. Репрезентацијата ќе има прилично долг пат на ова Европско првенство, но позитивниот старт против Австрија може значително да ги подобри нивните шанси. „Оваа репрезентација неодамна ја победи Германија. Луди нешта се случуваат!“

Извор: Uefa.com
Фото: Facebook/Фудбалска репрезентација на Македонија
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот