X
 12.06.2023 Економија

Истражување покажа кој е најголем фактор во растот на цените

По двегодишен постојан раст на цените низ светот, економските експерти не можат да се согласат што ја предизвика најголемата светска криза во последните децении.

Вообичаените виновници кои ги споменуваат експертите се проблемите во синџирот за снабдување поради пандемијата, војната во Украина и политиката на САД. Некои економисти велат дека растот на цените се должи на индивидуалната алчност или компаниите кои ја користат ситуацијата како изговор за да ги зголемат цените. Според прелиминарни резултати од истражување спроведено од Федералната резервна банка на Њујорк, во игра е и друг фактор.

Истражувањето на 700 компании во Њујорк и Атланта покажало дека побарувачката ги надминува сите други фактори во одредувањето на цените од страна на компаниите, вклучувајќи ги стабилните профитни маржи и вкупната инфлација. Ова значи дека компанијата во суштина може да постави какви било цени сè додека тие не се толку високи за да ги избркаат потрошувачите.

Повеќе од 82 отсто од анкетираните компании рекле дека побарувачката игра улога во нивните одлуки за цените, додека само 52 отсто од бизнисите рекле дека ја земаат предвид вкупната стапка на инфлација при одредувањето на цените.

Купувачите се обучени да толерираат поскапувања, според Џон Женг, професор по маркетинг на школата „Вартон“ на Универзитетот во Пенсилванија. Одобрувањето на зголемувањето на цените може да поттикне уште повеќе зголемувања на цените во иднина, според експертите.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија