Постојат мисли кои преживуваат со векови бидејќи зборуваат за она што никогаш не се менува - емоциите. Љубовта е една од нив. Без оглед на тоа колку се менува светот, колку напредува технологијата и колку се разликуваат генерациите, луѓето и понатаму бараат одговори на истите прашања: зошто љубовта нѐ усреќува, зошто боли и како да најдеме рамнотежа меѓу тие две чувства.
Една од најубавите и наједноставн дефиниции за љубовта ја дал кинескиот филозоф Конфуциј, чии мисли се цитираат повеќе од две илјади години.
Во само една реченица е содржана целата сложеност на односите меѓу луѓето.
Љубовта како извор на радост
Кога љубовта е здрава, таа на човекот му дава чувство на припадност, сигурност и поддршка. Токму тогаш станува „зачин“ кој го прави секојдневието поубаво, посмислено и побогато.
Психолозите со години укажуваат на тоа дека квалитетните емотивни односи можат позитивно да влијаат врз менталното здравје, да го намалат нивото на стрес и да придонесат за поголемо задоволство од животот.
Љубовта нѐ поттикнува да бидеме подобра верзија од себеси, да растеме, да учиме и да веруваме во иднината.
Но, истата емоција може и да заболи
Меѓутоа, Конфуциј потсетува и на другата страна на медалот. Кога ќе се претвори во посесивност, зависност, разочарување или невозвратени очекувања, љубовта може да стане извор на тага и страдање.
Филозофот верувал дека ниту една емоција сама по себе не е ниту добра ниту лоша – пресуден е начинот на кој ја живееме и колку мудро управуваме со неа.
Лекција која и денес има смисла
Иако живеел во 5 век пред нашата ера, пораката на Конфуциј е изненадувачки современа. Неговата мисла не вели дека треба да се плашиме од љубовта, туку да бидеме свесни за нејзината сила. Како што малку зачин може да го облагороди целото јадење, но и да го расипе ако го има премногу, така и љубовта бара мера, почит и рамнотежа.
Можеби токму затоа оваа реченица и денес го наоѓа својот пат до милиони луѓе во светот – бидејќи нѐ потсетува дека најголемите животни радости и најголемите животни лекции често доаѓаат од ист извор.
Фото: magnific