X
 12.07.2022 Живот

Добро проверено - единствениот целосно бесплатен интерактивен онлајн курс за медиумска писменост кај нас со кој добивате сертификат

Дали некои објави што ги среќавам на социјалните мрежи манипулираат со моите емоции?

Дали насловите што ги читам се точни?
Ако ова се прашањата што често си ги поставувате, тогаш тоа се вистинските прашања за кои ќе најдете одговори на следниот линк Добро Проверено (verified-education.org).

Добро проверено е единствениот целосно бесплатен интерактивен онлајн курс за медиумска писменост кај нас, па откако ќе го завршите, добивате сертификат.

Курсот ве води низ пет поглавја преку кои ќе научите како да бидете информирани без притоа да бидете манипулирани од медиумските содржини.

Ќе се запознаете подобро со македонскиот медиумски простор, видовите медиуми кај нас, со посебен акцент на социјалните медиуми и справувањето со новите форми на дезинформации и манипулации. Курсот содржи многу забавни квизови, видеа и интерактивни алатки. По завршувањето на курсот ќе добиете сертификат.

За да го завршите бесплатниот онлајн курс, неопходно е да ги следите овие чекори.

Посетете ја веб-страницата на курсот Добро Проверено (verified-education.org)
1. Регистрирајте се за курсот
2. Самостојно проследете ги сите 5 поглавја
3. Решете ги квизовите
4. На крај добивате сертификат

Станете отпорни на дезинформации и медиумски манипулации преку стекнување вештини со кои ќе можете безбедно да пловите во просторот со информации!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот