Амбасадата на Република Полска во Скопје и НУ Музеј на македонската борба - Скопје имаат чест да Ве поканат на изложбата БОРБА И СТРАДАЊЕ. ПОЛСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА (13-20 септември 2019, НУ Музеј на македонската борба - Скопје, 11 Март, бр. 1, од 10:00 до 18:00 часот).
Изложбата е подготвена од полското Министерство за надворешни работи и Музејот на втората светска војна од Гдањск за одбележување на 80-годишнината од избувнувањето на војната која започна со нападот на нацистичка Германија на Полска. Овој најголем вооружен конфликт во историјата донесе огромни човечки и материјални загуби, а исто така имаше големо влијание врз политичките и територијалните промени во Европа по 1945 година.
Нашата изложба ја раскажува историјата на полската борба против тоталитарниот режим, копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, храброста на војниците и обичните луѓе, заедничка борба против непријателот и борбата за слобода на другите земји - сето ова го заслужува нашето сеќавање.
Се надеваме дека ќе се видиме на изложбата.