X
 12.11.2022 Живот

Хамфри Богарт: „Не постои нешто што човек не може да го направи ако верува во себе“

Хамфри Дефорест Богар, наречен и Боги, е американски филмски и сценски актер. Неговите изведби во класичните холивудски филмови го направија американска културна икона.

Во 1999 година тој беше избран за најголема машка ѕвезда на класичната американска кинематографија од Американскиот филмски институт.

Ова се најпознатите мудри мисли и цитати од овој актер.

богарт
Фото: Wikipedia

- Се родив кога ме бакна. Умрев кога ме остави. Живеев тие неколку недели додека ти ме сакаше.

- Не постои нешто што човек не може да го направи ако верува во себе.

- Единственото нешто за кое парите се добри е купувањето на сопствената слобода.

- Наградите се бесмислени за актерите, освен ако сите ја играат истата улога.

- Единствениот начин да се открие кој е најдобар актер е сите да го глумат Хамлет, па да победи најдобриот.

- Постои многу повеќе во зборувањето отколку само зборови.

- Работите никогаш не се толку лоши за да не можат да се влошат уште повеќе.

- Што има на крајот од милион долари? Нула, нула, нула... ништо. Круг со дупка во него.

- Луѓето што не пијат се плашат да откријат какви личности се.

- На актерот му треба нешто за да ја стабилизира неговата личност, нешто што ќе го „прикова“ за она што навистина е, а не она што се преправа дека е.

- Мразам погреби. Тие не се за оној што почина. Тие се за оние што останаа живи и уживаат во жалоста.

Извор: Quotes.thefamouspeople.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот