X
 18.06.2022 Живот

„Не мешај се во туѓите работи и не смеј се на туѓите соништа“ - совети од непалските мудреци

Ви пренесуваме 30 совети од непалските мудреци за долг и здрав живот. Можете да го примените секој од нив, и ако ги усвоите, ќе сфатите колку се убави, попозитивни нештата и дека животот е поедноставен отколку што сме мислеле.

1. Зборувајте полека и размислувајте брзо.
2. Не судете ги луѓето според роднините.
3. Кога ќе кажете „те сакам“, кажете ја вистината!
4. Кога ќе кажете „жал ми е“, погледнете ја личноста в очи.
5. Никогаш не смејте се на туѓите соништа.
6. Дајте им на луѓето повеќе отколку што очекуваат и правете го тоа со радост.
7. Секогаш имајте ја на ум вашата омилена песна.
8. Не верувајте во сѐ што ќе слушнете, трошете сѐ што имате, спијте додека не се наспиете.
9. Големата љубов и големите достигнувања секогаш бараат голем ризик.
10. Кога губите, обидете се да научите од тоа.
11. Почитувајте се себеси, почитувајте ги другите, бидете одговорни за сите ваши постапки.
12. Не дозволувајте мала кавга да го уништи големото пријателство.
13. Кога ќе сфатите дека сте направиле грешка, обидете се да не ја премолчите, туку брзо исправете ја.
14. Секој ден поминувајте малку време сами.
15. Бидете отворени за споделување, но не испуштајте ги вашите вредни работи.
16. Понекогаш тишината е најдобриот одговор.

мудрости
Фото: Freepik

17. Прочитајте повеќе книги.
18. Кон љубовта и готвењето однесувајте се со безобѕирна ноншалантност - не гответе по туѓи рецепти.
19. Во споровите со саканите, погледнете ја моменталната ситуација. Не споменувајте го минатото.
20. Читајте меѓу редови.
21. Споделете го вашето знаење со децата. Тоа е единствениот познат начин да се постигне бесмртност.
22. Бидете нежни со земјата. Не фрлајте ѓубре.
23. Никогаш не прекинувајте некој кога ви ласка.
24. Не мешајте се во туѓите работи, не давајте празни совети.
25. Не верувајте им на оние што ве сакаат без да ги затворите очите.
26. Еднаш годишно одете некаде каде што не сте биле.
27. Ако заработувате многу пари, искористете дел од нив за да им помогнете на другите.
28. Запомнете, да не го добиете она што го сакате, понекогаш е среќа.
29. Слушајте го докторот, но научете да живеете онака како што им одговара на вашето тело и ум.
30. Мерете го вашиот успех според она што сте морале да го жртвувате за да го постигнете.


Извор: Stil.kurir.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот