X
 13.02.2022 Живот

Тивок момент на рефлексија го освои првото место на натпреварот за најдобар фотограф на дивиот свет

Речиси 32.000 луѓе го дадоа својот глас за „Најдобар фотограф од дивиот свет“ за 2021 година. Фотографијата „Ледено езеро“ од Кристијан Вендрамин од Италија го освои првото место на натпреварот. Таа беше избрана од над 50.000 пријавени фотографии.

Фотографијата на Вендрамин има посебно значење. Направена е во Северна Италија, на езерото Санта Кроче. Тој ден Вендрамин забележал дека високиот водостој делумно ги потопил врбите. Ова создало интересен одраз. Фотографијата е особено значајна за него бидејќи езерото му било омилено место на негов близок пријател, кој починал. Всушност, кога Вендрамин ја направил фотографијата, мислел токму на својот драг пријател.

- Потресната слика на Кристијано го симболизира позитивното влијание што природата може да го има врз нашата благосостојба и нашиот живот. Таа може да обезбеди утеха и простор за размислување за минатото, па дури и да поттикне надеж за иднината. Изминативе две години го редефинираа она што навистина е важно во животот. Се надевам дека оние што го гледаат овој пејзаж ќе се потсетат на важноста на поврзувањето со природниот свет и чекорите што сите мора да ги преземеме за да го заштитиме - рече д-р Даглас Гур, директор на Природонаучниот музеј.

Покрај победничката слика, беа издвоени уште четири други фотографии.

Сите пет слики ќе бидат вклучени во изложбата „Фотограф на годината за дивиот свет“ во Природонаучниот музеј во Лондон.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот