X
 08.12.2023 Живот

Нова атракција во Њујорк наменета за најхрабрите

Знаеме дека некои луѓе се подготвени да се измачат за да ја добијат совршената фотографија, но дали би виселе над зграда?

Сите сме ја виделе познатата фотографија од работници кои седат на подигната конструкција на зграда во Њујорк. Фотографијата од работниците на пауза за ручек е една од најпознатите во светот, а сега може и вие да имате ваква фотографија, доколку сте во Њујорк.



Познатата фотографија од 1932 година, на која 11 работници ручаат на греда, е направена за време на изградбата на 69-тиот кат на облакодерот „30 Рокфелер плаза“. 

Сега, за да се направи таква фотографија, на секој поединец му се дава појас за спасување, а потоа кран го крева 3 метри над платформата на зградата и го врти за 180 степени за да се добие посакуваниот ефект.

Погледот на Њујорк, од таа перспектива, секако е прекрасен, но треба да бидете храбри за да уживате во него.



Извор: Idesh
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот