X
 13.02.2025 Живот

Што се случува кога гледате во телефонот додека возите?

Еден јутјуб-канал направи симулација што јасно покажува какви последици има секое свртување на погледот кон телефонот додека возите.

На каналот „Дешкамдрајверсџермани“ се појави видео во кое се прикажува како погледот на возачот кон патот „се затемнува“ секојпат кога ќе погледне во телефонот, односно ќе го тргне вниманието од сообраќајот.

Оваа графичка симулација има цел да покаже колку сме расеани кога користиме мобилен уред додека возиме. Според податоците, ако возите со брзина од 100 км/ч., потребни се околу 140 метри за да сфатите дека треба да стиснете на кочницата.

Дополнително, за целосно запирање на возилото ќе ви бидат потребни уште најмалку 70-80 метри. Само замислете што сè може да се случи во тие неколку секунди невнимание.



Извор: Atvlb.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот