X
 13.05.2018 Живот

Мајката на Илон Маск ја сподели филозофијата според која ги одгледала децата

Мајката на Илон Маск, Меј Маск, раскажа како го одгледала својот син. Во ера на родители кои посветуваат екстремно многу внимание на искуствата и проблемите на децата, Маск охрабрува различен начин на одгледување на деца - таков што им дозволил на нејзините деца да експериментираат, да прават грешки и да напредуваат.

-Не ги сопирам моите деца да не прават нешто за што мислат дека е правилно. Сѐ додека правите нешто што е добро за иднината, мислам дека треба да останете позитивни и да го правите тоа - истакна таа.

Оваа жена течко зборува четири јазици, таа е диететичар, модел, предава на колеџ за нутрицинизам и работи како истражувач на Универзитетот во Торонто. Таа изјави дека на Илон и на неговиот помал брат Кимбал им дала 10.000 долари за основање на компанијата „Zip2“, првиот деловен обид на двајцата браќа. Таа им помогнала и ги поддржала уште на почетокот. Четири години откако мајка им инвестирала во нивната компанија, „Compaq“ ја купила „Zip2“ за 307 милиони долари. Илон искористи дел од неговите пари за да во 1999 година ја основа онлајн банката „X.com“, која подоцна стана „PayPal“.

-Претприемаштвото е долг процес и морате да го преживеете тоа време. Да работите со часови. Ако не сте среќни со вашата работа, сменете ја, дури и ако тоа значи скратување на финансиите. Бидете отворени за испробување на нови патишта - истакна Маск.

Изгледа како да има јасна врска меѓу филозофијата на Маск да остане позитивна и отворена за нови патишта и кариерата на нејзиниот син Илон, кој е основач на „SpaceX“, сака да го колонизира Марс, инвестираше во „Тесла“ (каде сега е извршен директор), помогна во развивањето на првиот автомобил на „Тесла', која сега се проценува на 58,7 милијарди долари и работи на следниот голем предизвик: автомобили без возачи. Илон наводно инвестирал повеќе од 100.000 долари во неговата трета компанија наречена „The Boring Comapny“, која прави тунели кои тој се надева да ги користи за футуристички проекти како хајперлуп, кој може да транспортира луѓе под земја со брзина од над 600 милји на час.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот