X
 27.02.2020 Култура

Книгите што го инспирирале Илон Маск да ја основа „Спејс екс“

Додека бил тинејџер, Илон Маск чувствувал „лична обврска“ за судбината на човековиот вид, покажува книгата „Илон Маск: Тесла, Спејс екс и потрагата по фантастична иднина“ од Ешли Ванс.

Љубовта кон книгите и лекциите научени од нив го инспирирале Маск да создаде технологија за почиста енергија и да гради вселенски ракети за да го зголеми досегот на човековиот род во иднината, според Ванс. Серијал на книги што Маск ги препорачува и денес се седумте книги од „Фондација“ на научникот и автор Исак Асимов.

- Вреди да се прочита „Фондација“ на Асимов по редоследот на кој биле напишани - напишал Илон Маск на „Твитер“ неодамна.



Приказната во научната фантазија „Фондација“ е за колапсот и новото раѓање на голема меѓувселенска империја во универзумот во иднина.

- Лекциите што ги извлеков од приказната се дека треба да направите активности кои веројатно ќе ја продолжат цивилизацијата, ќе ја намалат можноста за мрачна доба и ќе се намали времетраењето на мрачната доба, ако има таква - изјавил Маск за „Ролинг стоун“ во 2017 година.

Маск, исто така, кажал дека приказната го научила дека цивилизациите се движат во циклуси, што му влијаело да почне со истражување на вселената и да го унапреди нагорниот циклус на човековиот вид.


Фото: Wikipedia

- Со оглед на тоа што ова е првпат во 4,5 милијарди години човештвото да го продолжи животот надвор од Земјата, се чини дека би биле умни ако дејствуваме додека постои можноста наместо да сметаме на фактот дека можноста ќе постои долго време - рекол Маск.

Како резултат, Маск ја основал „Спекс екс“ во 2002 година.

- Книгите од „Фондација“ и законот за роботика се основни за создавањето на „Спејс екс“ - напишал Маск на „Твитер“ во јуни 2018 година, мислејќи на законот за роботика на Асимов.

Маск ја основал „Тесла“ во 2003 година, а потоа „Неуралинк“ во 2016 и „Д Боринг компани“ во 2017 година. Според „Форбс“, Маск денес „тежи“ 42,3 милијарди долари.

Извор: Cnbc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура