X
 02.06.2018 Наука

Докази за најстарото загадување на воздухот во Европа, пронајдени на Балканот

Околу 3600 година пред новата ера, луѓето на Балканскиот полуостров достигнале голем пресврт: нивното рударство и металургија предзивикале толку загадување, што може да се забележи и денес.

Новото истражување открило дека рударството и металургијата на Балканскиот полуостров претставува почеток на бронзеното доба во целиот регион, како и „раѓање на металургијата“ во Европа.

Временскиот контекст во кој е сместен „почетокот на бронзеното доба“, а кој се поврзува со наведеното откритие, може да се смести на исто ниво со постоењето на сумерската цивилизација на Месопотамија од оваа област, додека Велика Британија била во камено доба.

zagaduvanje
Фото: Thinkstock


Според тоа, сѐ уште не биле изградени првите египетски пирамиди што се појавиле илјада години подоцна.

Во бронзеното време, на Балканот веќе доста се знаело за основата на археолошките ископувања, различното оружје и алатки, но сега сме во можност да дознаеме повеќе за времето благодарение на трагите од загадувањето што тамошните луѓе го оставиле зад себе.

Во текот на процесот на добивање железо, микроскопските честички на олово биле ослободени во атмосферата, а ветровите потоа ги однеле на голема далечина, додека не паднале на земјата. Врз основа на одредени хемиски анализи, може да се дознае за античкото загадување.

Неодамна било претставено првото истражување за промените на загадувањето во југоисточна Европа, за кое се смета дека настанало со концентрација на оловото во западна Србија.

Пронајдени се докази за зголемено ниво на олово што се однесува на 3600-та година пред новата ера, што воедно претставува најстарото познато загадување на животната средина на планетата. На тој начин Балканот се поврзува со развојот на металургијата и најраното бронзено време.

Претходно, најстарото познато загадување на животната средина во Европа, од 3000-та година пред новата ера, било откриено во јужна Шпанија. Новото откритие се поврзува со речиси 500 години минато.

Во западна Европа, нивото на металуршкиот развој бил достигнат речиси 1.000 години подоцна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука