X
 13.06.2017 Живот

Треба ли да ги оставите децата да лажат?

Првата работа која некои деца ја учат, а подоцна може да шири како зараза, е да лажат дека мајката и таткото не се дома. Или дека не можат да се јават на телефон. Кога тоа ќе се случи зависи од семејството, иако секој родител се обидува да го научи своето дете дека не е во ред да се лаже.

Студија од 1989 година открила дека децата започнуваат да лажат уште од својата втора година, пто дава сосема поинаква слика за тоа кој ги научил да лажат. Кога и зошто децата стануваат добри во смислувањето лаги? Според нова студија, некои осумгодишни деца ги поседуваат сите потребни вештини за да ги прикријат трагите од своите лаги, а оние подобри лажговци имаат добра меморија, посебно вербална.

За студијата, 114 шестгодишници и седумгодишнициморале да одиграат една игра и да одговараат на три прашања. Ако ги погодат сите три ќе добијат награда. Првите две биле лесни: Каква врева прави кучето? Која боја имаат бананите? Во третото прашање се барало да погодуваат бидејќи прашањето гласело како се вика детето од цртанот „Вселенското момче?“ Сите прашања биле напишани на картичка пред децата, со четири понудени одговори за секое. Точните одговори се наоѓале на позадината од секои три картички, како и една фотографија која немала никаква поврзаност со одговорите. Секој пат кога би одговориле на прашање, испитаникот би ја свртел картичката и би го покажал точниот одговор. Кај третото прашање, би излегол по поставувањето на прашањето и би му рекол на секое дете дека не смее да ѕирка. Се разбира, биле поставени и камери.

Поголемиот дел од децата послушале и не ѕиркале. Само четвртина од децата го погледнала одговорот, а сите мали „измамниви“ го заокружувале одговорот кога испитаникот се враќал во просторијата. Тие кои дале точен одговор, добивале нови прашање. Ги прашувале дали можат да ја погодат бојата на напишаното или што има на фотографијата. Ако се правеле дека не знаат или намерно погрешно погодувале, биле класифицирани како добри лажговци.

Друга група на деца поминала низ истиот тест, но им било дозволено да ѕиркаат под картичките. Така е измерена и вербалната и аудио-визуелната реботна меморија на секое дете.

Ако сте родител на креативно и имагинативно дете, она кое многу добро знае да лаже, знајте дека неговите вербални способности се посилни од оние кај врсниците. Тоа не е секогаш лош знак. Тие деца мораат да имаат добри вештини за да се држат до одредена приказна и да ја запомнат. Можеби пред себе имате исклучително способен ум.

Ког имате мал манипулатор во домот, веројатно помислувате дека и во тоа и ќе израсне. Но, експертите велат дека тоа не е голема катастрофа. Тоа е природен начин на тестирање на границите и развојот на мисловните вештини, па и многу деца тоа и го прават. Родителите не се многу горди кога нивните деца лажат, но барем можат да бидат задоволни со сознанието дека кога нивните деца добро лажат, тоа значи дека се се подобри во поглед на размислувањето и добрите мемориски способности, потенцираат експертите
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот