X
 13.06.2022 Технологија

„Римац невера“ победи во трка со авион

Во Вараждин, Хрватска, во текот на викендот се одржале средби на сопственици на суперавтомобили. Главна атракција на овој настан бил хиперавтомобилот „невера“ на хрватската компанија „Римац“.

Во рамките на настанот, „невера“ се тркала со акробатски авион, а побрз бил автомобилот на „Римац“ и покрај силниот ветар. Во големата борба автомобилот и авионот развиле брзини над 350 километри на час.


Зад воланот на автомобилот седел Мирослав Зрневиќ, главен тест-возач на автомобилите на „Бугати Римац“, кој објаснил дека максималната брзина што може да ја развие автомобилот е 420 километри на час.

- Имавме два обида, во првиот обид бевме изедначени до самата цел каде што јас почнав да водам, а во вториот обид се обидов да го пуштам авионот за да можеме да покажеме колкава е разликата во брзината - изјавил Зрневиќ.

Со акробатскиот авион управувал пилотот Петер Подлуншек, кој открил дека турбуленциите биле силни поради ветерот и големата брзина.

Извор: Jutarnji
Насловна фотографија: Rimac automobili<
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија