X
 12.08.2025 Живот

Погледнете како изгледа авионот на најбогатиот шеф на наркокартел во историјата

Претприемачот Џони Палмер го претворил поранешниот авион на Пабло Ескобар во луксузен „Ер бнб“, каде што ноќевањето чини околу 300 евра по лице.

Овој „Боинг 727“ првично бил изграден во 1968 година и бил претворен во приватен авион на почетокот на 1980-тите, кога бил во сопственост на колумбискиот крал на кокаинот.

Пабло Ескобар се смета за најбогатиот криминалец во историјата бидејќи до моментот на неговата смрт собрал неверојатно богатство вредно околу 30 милијарди долари. Затоа не е изненадување што неговиот авион бил украсен со златни детали и кристали. Во меѓувреме, авионот ги сменил сопствениците и е реставриран, но го задржал својот ретро изглед од 80-тите.

Оваа необична сместувачка единица сместена во трупот на авионот има две дневни соби, спална соба со двоен кревет, три тоалети, туш-кабина и целосно опремена кујна дизајнирана да смести максимум четири лица. Надвор од авионот има палуба со џакузи, сауна и надворешен туш за уживање на отворено во потоплите месеци. Исто така, важно е да се напомене дека целиот објект се напојува со обновлива енергија преку соларни панели.

Трупот на авионот е поставен на контејнери за превоз во индустриската зона Скајлајн Парк во Бристол, Обединето Кралство.

Ако планирате да го изнајмите преку „Ербиенби“, добро е да знаете дека овој простор е тивка оаза за време на викендот. Меѓутоа, во текот на неделата, вашиот одмор би можел да биде расипан од камионите за достава во соседниот двор.

Извор: punkufer.dnevnik.hr
Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот