X
 13.06.2023 Живот

Како се движат цените во Европската Унија? Германија има најевтини производи, а Франција најскапи

Цените на тоалетната хартија, путерот и кечапот се повисоки во Велика Британија во споредба со некои од нивните најблиски соседи во Европската Унија, покажува истражувањето спроведено од британскиот јавен сервис Би-би-си.

Од друга страна, пелените и замрзнатата пица се најевтини во оваа земја. Новинарите на Би-би-си ги споредија цените на 23 производи, како за јадење така и за секојдневна употреба, во Франција, Германија, Обединетото Кралство, Италија, Шпанија и Холандија.

Што покажа истражувањето? Германија се покажа како најевтина земја, а Франција има највисоки цени.

Потрошувачите во Велика Британија плаќаат околу 4,45 евра за тоалетна хартија, додека истото пакување чини околу 3,10 евра во Италија, а околу 3,35 евра во Германија.

Лименка туна околу 1,89 евра, додека во Италија цената се искачува до 3,70 евра, а во Шпанија е нешто пониска - околу 3 евра.

Истражувањето покажало и дека производите како лебот, јајцата и маслото се изненадувачки поевтини во Велика Британија во споредба со земјите од Европската Унија.

Сепак, Британците се справуваат со висока инфлација, која го стега обрачот околу нивната потрошувачка кошница. Поточно, цената на храната и натаму останува 19 пати повисока од пред една година.

Една неодамнешна студија на „Оксфорд економикс“ покажа дека трошоците за храна во Велика Британија се околу 7 отсто под просекот на ЕУ.

Експертите велат дека е многу тешко да се споредат цените на храната во различни земји бидејќи тие зависат од голем број фактори, како што се увозот и политиката.

На пример, оризот е најевтин во Велика Британија и Шпанија, односно чини 1,50 евра, додека најскап е во Италија и чини околу 2,60 евра.

Јогуртот е најевтин во Германија и чини 72 пени (околу 80 центи), додека во Франција чини речиси 2 фунти (околу 2,35 евра).

Повторно, шеќерот е најевтин во Германија со цена од 1,20 евра.

Деталните истражувања покажуваат дека пазарот на храна во Велика Британија е на трето место кога станува збор за достапност, односно е сличен по цените со италијанскиот, шпанскиот и холандскиот пазар.

Анализата на цените на сите намирници можете да ја погледнете на овој линк.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот