Добрата прва реченица во книга ја поставува основата за сè што следува. Без разлика дали воведот го навестува централниот конфликт, создава атмосфера за остатокот од романот или го претставува главниот лик, најдобрите први реченици можат да го привлечат читателот или да го уништат неговото искуство. Ако читателот се заинтригира веднаш на почетокот, многу е поверојатно дека ќе продолжи со читањето. Дополнително, добриот вовед го претставува раскажувачот и го насочува аголот од кој ќе биде раскажана приказната.
Автори како Џејн Остин, Тони Морисон, Силвија Плат и Чарлс Дикенс се мајстори за впечатливи почетоци. Рангирањето се темели врз квалитетот на пишувањето, признанието што првата реченица го има во литературната критика, трајната популарност на романите и способноста на воведот да ја постави сцената.
Оваа листа со славни почетни реченици содржи автори чии најголеми таленти се истакнале уште од првиот збор.
1. „Општо е познат фактот дека на богат и неоженет човек му е повеќе и од потребна жена“ - „Гордост и предрасуди“, Џејн Остин.
2. „Многу години подоцна, наспроти стрелачкиот вод, полковникот Аурелијано Буендија ќе се присети на тоа далечно попладне кога неговиот татко ќе го одведе да узнае што е тоа мраз“ - „Сто години самотија“, Габриел Гарсија Маркес.
3. „Прво ја застрелуваат белата девојка“ - „Рај“, Тони Морисон.
4. „Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“ - „Ана Каренина“, Лав Толстој.
5. „Сето ова се случи, повеќе или помалку“ - „Касапницата-Пет“, Курт Вонегат.
6. „Кога едно утро Грегор Самса се разбуди од немирните сништа, се најде во својата постела преобразен во огромна гадинка“ - „Преобразба“, Френц Кафка.
7. „Беше ведар и студен априлски ден, часовниците покажуваа тринаесет часот“ - „1984“ - Џорџ Орвел.
8. „Викајте ме Ишмаел“ - „Моби Дик“, Херман Мелвил.
9. „Беа тоа најдобри времиња, беа најлоши времиња, беше тоа време на мудрост, беше време на лудост, беше епоха на вера, беше епоха на неверица, беше тоа доба на Светлост, беше доба на Темнина, беше тоа пролет полна со надеж, беше тоа зима полна со очај, имавме сè пред нас, имавме ништо пред нас, сите одевме директно во рајот, сите одевме директно на другата страна“ - „Приказна за два града“, Чарлс Дикенс.
10. „Сите деца, освен едно дете, растат“ (Џејмс Метју Бари „Петар Пан“).
11. „Лолита, светлина на мојот живот, оган на моите препони. Мој грев, моја душа“ (Владимир Набоков „Лолита“).