X
 13.07.2025 Живот

За победничката на ученичкиот државен натпревар во возење трактор, една од најдобрите студенти на ФЕИТ, обуката на 10 нови спасители... Што пишувавме неделава?

Јана Видановска - една од најдобрите дипломирани студенти на ФЕИТ со просек 10: „Најсреќните моменти на факултетот ми беа натпреварите по роботика“

Јана Видановска од Битола е прогласена за студент на генерацијата за 2023/2024 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Студиите ги заврши со просек 10, за време на студирањето ја фасцинирало програмирањето, а на натпреварите по роботика успеа да програмира и движење на роботска рака. Таа вели дека резултатите ги должи на личниот труд и поддршката од семејството.

Црвен крст обучи 10 нови спасители - обуката е строга и напорна, но концесионерите на плажи не се обврзани да ги ангажираат

Десеттемина кандидати за спасители ги завршија обуките на Црвениот крст од Охрид и тие летово ќе им се придружат на преостанатите 20 активни спасители и ќе се грижат за безбедноста на капачите на плажите покрај Охридското Езеро.

Стоја Ѓеоргиева трета година по ред е најдобра на државниот натпревар во возење трактор: „Би сакала некогаш да станам првак и надвор од Македонија“


Стоја Ѓеоргиева покажа најдобри резултати на 53. Државен тракторски натпревар на кој учествуваа учениците од земјоделско-ветеринарната струка, чиј домаќин беше СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица. Стоја Ѓеоргиева е ученичка од четврта година во „Димитар Влахов“ и покажа дека навистина е вешта во возење трактор. Таа ни сподели дека успеала да се покаже во најдобро светло со голем труд, голема желба и голема мотивација

Издвојуваме

Живот