X
 13.12.2025 Живот

Двочасовна пешачка тура низ Њујорк: архитекти ги откриваат тајните на најзначајните згради

Њујорк не е најстариот град во Соединетите Американски Држави, а сигурно не е ни најновиот. Но, тој е американскиот град со најмногу слоеви на историјата. Секој турист може да ја почувствува разновидноста на временските ери отелотворени во зградите, на пример, при прошетка на Бродвеј.

„Архитектурал дајџест“ создал видео во кое се нуди виртуелна пешачка тура низ градот. Односно, се нуди двочасовно патување низ градот што започнува во Централ парк и завршува на Вол стрит.

Архитектите Мајкл Вајцнер и Ник Потс се доволно искусни да ја објаснат сликата на развојот на Њујорк и значењето на различните ексцентричности на неговите улици.

За да дознаете што имаат да кажат градбите за историјата и градот, погледнете го видеото подолу.

Извор: openculture.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот