X
 13.08.2021 Живот

Жена алергична на вода објаснува како изгледа туширањето со оваа состојба

Корисничка на „Тик-ток“ од Обединетото Кралство неодамна споделила на социјалната мрежа како изгледа туширањето за лицата што се алергични на вода.

Наја Селвеј има состојба наречена аквагенски пруритус, што предизвикува чешање и воспаление на кожата при допир со вода. Таа открила дека пред секое туширање ги мери температурата на телото, крвниот притисок и чукањето на срцето бидејќи тие се зголемуваат при туширањето. Потоа таа ги чисти мртвите слоеви од кожата со сува четка.

@niahselway

Showering with an allergy to water 💦 part 1 #niahselway #fyp #aquagenicpruritus #chronicillness

♬ original sound - Niah Selway


За време на туширањето таа користи производи за чувствителна кожа. Ефектот од алергијата на вода го забележува 5-10 минути од почетокот на туширањето. Тогаш започнува да чувствува болка и чешање кои најчесто траат до еден час. Болката е резултат на воспалението, кое не е видливо на кожата.

Селвеј користи крем за хидратација на кожата по туширањето и лежи додека ѝ се намали болката. Во екстремни случаи, таа зема пилули против болка.

Таа користи средства и лекови препорачани од лекар за да ги намали симптомите, но во моментов нема стандарден третман за состојбата.

Извор: Insider
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот