X
 13.09.2025 Живот

Како изгледа домување во староста кога архитектите се грижат за секој детал

Архитектурата може да понуди повеќе од покрив над главата - може да создаде заедница, чувство на сигурност и естетика. Токму тоа го покажува еден станбен комплекс во Франција.

Имено, во Франција се развиваат модели на домување што ја бришат границата помеѓу домот, заедницата и градот. Проектот „Ле Тојол“ од „АУНЕ архитектс“ е пример за тоа дека архитектурата може да понуди активен и достоинствен живот во постара возраст.

Со силно чувство за детали и материјали, со почитување на средината и одлично разбирање на потребите на корисниците и инвеститорите, бил создаден збир од 20 меѓусебно поврзани мали станбени единици и нова заедничка зграда со ресторан, како и пространа надворешна површина.

- Целта беше да се дизајнираат прифатливи станови за луѓе од позрела возраст, каде што висококвалитетното домување и флексибилното користење на просторот беа особено важни - објаснил архитектот Паскал Куран.

Во станбениот комплекс живеат луѓе кои се претежно независни, но имаат можност за повремена поддршка кога им е потребна.

Интеграција во средината


Новите згради се хармонично интегрирани во имотот на поранешниот манастир „Ла Моер“, кој вклучува камени куќи и згради од различни архитектонски епохи.

„Град во куќа“ со простори за прошетка и дружење

Архитектот поврзал 20 нови станбени единици во низа, давајќи им изглед на мали одделни куќи. Концептот има помали плоштади и поврзани улици. 



Извор: gradnja.rs

Фото: Facebook screenshot/PREFA

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот