X
 18.01.2024 Економија

Ова се најбараните професии во Франција

Франција има недостиг на квалификуван кадар во повеќе сектори. Најмногу се бараат работници во градежништвото, здравството, информатичките технологии, инженерството, земјоделството и производството.

Според податоци од Европската агенција за труд ЕУРЕС, ова се некои од најбараните професии во Франција:

- службеници за сметководство и книговодство;
- механичари и сервисери на земјоделски и индустриски машини;
- програмери за апликации;
- циглари и сродни професии;
- менаџери за деловни услуги и администрација;
- геодети;
- техничари за градежништво;
- поставувачи на бетон, завршни облоги за бетон и сродни професии;
- готвачи;
- чистачи и помошници за дом;
- оператори за постројки;
- електротехничари;
- електричари и сервисери;
- менаџери за финансиски и осигурителни брендови;
- шумари;
- здравствени помошници;
- менаџери за човечки ресурси;
- оперативни техничари за информатичка и комуникациска технологија;
- менаџери за производство;
- машински техничари;
- оператори на постројки за преработка на метали;
- оператори на мобилни фарми и шумски постројки;
- медицински сестри;
- фармацевтски техничари и асистенти;
- физиотерапевти;
- оператори на енергетски централи;
- агенти за недвижности и управители на имот;
- оператори на машини за шиење;
- програмери и аналитичари;
- кројачи, шивачи, крзнари и шапкари;
- телекомуникациски инженери;
- наставници по стручно образование;
- заварувачи.

Странските работници со наведените професии имаат повисоки шанси за вработување и добивање работна виза во Франција.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија