X
 13.09.2025 Живот

Најдоброто од Југославија - симбол кој го надживеа своето време

Во Киоск К67 се продаваа весници и цигари, билети за бродови, билети за лотарија, сендвичи и цвеќиња. Препознатливата коцка со заоблени рабови, бела, портокалова, сина, жолта или црвена, со децении беше дел од секојдневниот живот во цела Југославија. Киоскот К67 останува икона на југословенскиот дизајн до ден-денес.

Дел од колективниот идентитет и урбаното секојдневие


Киоскот К67 од словенечкиот архитект и дизајнер Саша Махтиг го трансформира урбаниот пејзаж на Југославија со својот безвремен дизајн и неограничена функционалност, но и колективниот идентитет на неговите современици во 70-тите и 80-тите години.

 
Саша Јанез Махтиг, роден во 1941 година, дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, го дизајнирал К67 во 1966 година, го патентирал во 1967 година, а во масовно производство влезе во 1968 година. Го произведуваше „Имград“ од Љутомер, Словенија, а до 1999 година, кога производството беше прекинато, беа произведени околу 7.500 киосци.

Модулите беа дизајнирани да се користат како поединечни единици или во комбинација, а почетната шема се состоеше од пет основни елементи што носат товар, додека дополнителната опрема вклучуваше натстрешници, системи за полици и внатрешно осветлување.

Во 1970 година K67 веќе патуваше од Љутомер до Њујорк. Требаше да биде изложен во MoMA на изложба на неодамнешни аквизиции, но бидејќи транспортот беше одложен, не можеше да влезе во галеријата, па остана на патот пред него, на тротоарот на 53. улица, каде што всушност припаѓаше.

 
Оваа епизода го инспирира Махтиг да го претстави моделот од втората генерација во 1971 година, кој можеше целосно да се расклопи. Поголемиот дел од произведениот K67 остана во Југославија, но дел „отиде низ светот“, во Полска, Јапонија, Нов Зеланд, Кенија, Ирак, Советскиот Сојуз и Соединетите Американски Држави.

K67 може да биде буквално сè, но малку е веројатно дека ќе биде заборавен.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот