X
 13.09.2026 Живот

Најскапиот развод во историјата на Јужна Кореја: На поранешната сопруга мора да ѝ плати 1,8 милијарди долари

Јужнокорејскиот суд му наложи на бизнисменот Квон Хјук-бин да ѝ исплати отштета на својата поранешна сопруга во износ од 1,87 милијарди долари. Станува збор за најскапата бракоразводна спогодба во историјата на земјата.

Квон, кој ја основал третата по големина јужнокорејска компанија за видеоигри „Смајлгејт“, е еден од најбогатите луѓе во земјата. Според процените на „Блумберг“, неговото богатство изнесува околу 3 милијарди долари.

„Смајлгејт“ до вчера беше во негова стопроцентна сопственост, но судот пресуди 35 отсто од компанијата, во вредност од околу 1,8 милијарди долари, да ѝ припаднат на неговата сопруга Ли Хва-џин. Квон ќе треба да ѝ го исплати и преостанатиот износ во готовина.

При поднесувањето на барањето за развод, Ли барал 50 отсто од уделот во „Смајлгејт“. Нејзините адвокати тврделе дека таа помогнала во финансирањето на компанијата при нејзиното основање.

Квон и Ли се венчале во 2001 година, една година пред основањето на „Смајлгејт“. Во тужбата Ли навела и дека повеќе од 20 години се грижела за нивните деца и за домаќинството.

И двете страни имаат право да поднесат жалба на пресудата.

Извор: 021.rs
Фото: Magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот