X
 14.01.2022 Живот

Замрзнати цени и големи попусти во „Скопје сити мол“

Сите сме возбудени за големите зимски попусти што се веќе тука. Време е за уживање во шопинг во „Скопје сити мол“ по уште пониски, односни екстремно ниски цени.

Во овој период, па сè до почетокот на февруари во „Скопје сити мол“ можете да ги најдете најголемите попусти и промоции на зимските колекции што ќе ги понудат брендовите.

Овој зимски период или период на празници знае да биде навистина тежок за домашниот буџет, затоа „Скопје сити мол“ заедно со своите закупци се погрижи посетителите да уживаат во екстремно ниски цени, замрзнати цени, големи акции и промоции. Овие попусти се последни од серијата на намалување кога се работи за есен/зима колекциите.



Оваа кампања доаѓа паралелно со периодот кога речиси насекаде во светот започнува големата зимска распродажба или ликвидација на последните парчиња по супер ниски цени. Затоа трговскиот центар ги поканува сите љубители на модата во овие зимски денови да го посетат „Скопје сити мол“ и да уживаат во големиот избор што им го нудиме – изјавија од маркетинг-тимот.

Акцијата Winter Last Minute Sale е последна акција во која ќе можат да се купат производи од есен/зима колекциите по пониски цени, а во неа учествуваат речиси сите продавници од трговскиот центар.

Време е за Winter Last Minute Sale во „Скопје сити мол“!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот