X
 17.12.2025 Живот

Vibe On клуб: Mрежа на поволности за млади што носи подобро секојдневие

Добриот попуст може да направи голема разлика во секојдневието и младите одамна го знаат тоа. Токму на оваа идеја се надоврзува Vibe On клубот на Шпаркасе Банка – што ги обединува најкорисните поволности за младите и им овозможува да уживаат во низа попусти на места што веќе ги посетуваат.

Во Vibe On клубот се вклучени десетици компании од области што им се најпотребни на младите – едукација, храна, убавина и здравје, фитнес, техника, шопинг, па дури и автошколи и туристички агенции. Целта е едноставна: да им овозможи на младите да добиваат повеќе, а да плаќаат помалку, без дополнителни барања или комплицирани процедури. Програмата е наменета за сите млади што ја имаат портокаловата Vibe On дебитна картичка, а секоја категорија е креирана со идеја да одговори на различни потреби - од учење и мобилност до забава и грижа за себе.

Каде сè се нудат попусти?

Програмата опфаќа повеќе категории што природно се дел од студентскиот живот:

· Едукација – попусти за курсеви, академии, работилници и дополнителни обуки (од 5 до 15 %)
· Убавина и здравје – третмани, козметика, оптика и здравствени услуги (бесплатни прегледи и попусти до 30 %)
· Шопинг – попусти во продавници за облека, часовници, додатоци и подароци (до 10 %)
· Техника и технологија – поволности при купување електроника и техничка опрема (до 5 %)
· Храна и пијалаци – ресторани, кафе-барови, домашни кујни и омилените локации на младите (попусти до 10 %)
· Фитнес – сали и рекреативни активности (попусти од 10 до 20 %)
· Автошколи – поволности за полагање возачки испит (попусти до 10 %)
· Туристички агенции – попусти на патувања, аранжмани и студентски екскурзии (попусти во зависност од аранжманите).

Зошто оваа програма има смисла? Затоа што буџетот на младите е ограничен, а трошоците се постојани. Vibe On клубот им овозможува на младите да го извлечат максимумот од местата што веќе ги користат, без дополнителни апликации, купони или посебни услови – доволно е да ја покажат својата Vibe On портокалова картичка.

Банката продолжува внимателно да го проширува кругот на соработници, од локални брендови до големи трговски синџири, секогаш фокусирајќи се на понуди што навистина се корисни за младите. Па, така, попустите не се „симболични“, туку реални бенефиции што можат да го олеснат студентскиот буџет.

Списокот на сите активни поволности на Vibe On клубот може да се најде на овој линк.

Разгледај ги попустите и одбери што ќе посетиш и ќе искусиш следно!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот