X
 14.01.2023 Здравје

Колкаво количество кафе дневно може да биде штетно за здравјето?

На повеќето луѓе денот им почнува со шолја кафе. Многумина се колнат дека без кафе не можат да се разбудат или да размислуваат, но малкумина знаат која е горната граница кога станува збор за консумирањето кофеин.

Кофеинот го стимулира средниот нервен систем и се смета за психоактивна супстанција, па затоа преголемото количество може негативно да влијае врз здравјето.

Според американската Агенција за храна и лекови, една здрава личност може да консумира до 400 милиграма кофеин дневно. Тоа одговара на количеството кофеин од четири шолји кафе. Притоа, под една шолја кафе се мисли на 230 милилитри кафе.

Важно е да се внимава на нуспојавите што може да се јават при консумирањето премногу кофеин. Кофеинот е диуретик, односно може да предизвика зачестено мокрење. Кофеинот, исто така, може да го зголеми крвниот притисок, а истражувања покажале и дека  може да доведе до испуштање киселини во желудникот.

Извор: 24 sedam
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје