X
 14.02.2019 Живот

JEEP COMPASS награда за среќни добитници од Охрид

Државна лотарија на Македонија додели уште еден JEEP COMPASS кој ќе се вози низ улиците во Охрид.

Наташа и Горан Чашитовски од Охрид се среќните добитници на овој прекрасен автомобил кој што го доделивме денес пред Трговскиот центар Рамстор, од каде што е купен добитниот лоз. Како што ни раскажаа, Горан купил 4 инстанти кои не ги изгребал веднаш туку ги однел дома да ги изгребат заедно со својата сопруга Наташа. Четвртиот лоз му донел три исти симболи на автомобил кои му донесоа и JEEP COMPASS. Се пофалија дека се редовни играчи на нашите игри на среќа, а токму инстант лозот „Биди ВИП вози ЏИП“  е нивниот омилен инстант, затоа што се надевале дека еден ден ќе станат сопственици на еден ваков убавец.
Денес, Марјана Станојковска им ги предаде клучевите пред среќното место на државна лотарија на Македонија  во трговскиот центар Рамстор, од каде што Наташа и Горан заминаа со својот нов автомобил и на сите им посакаа многу среќа во остварувањето на своите желби.

Инаку, инстант лозот БИДИ ВИП- ВОЗИ ЏИП во продажба е од 01.11.2018 година и како главна добивка нуди 10 автомобили JEEP COMPASS. Во игра се уште вакви автомобили , но и многу парични добивки, па не пропуштајте ја шансата за само 70 денари да возите нов ЈЕЕР COMPASS.



 

 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот