X
 14.02.2023 Живот

Најбогатите луѓе на светот се помалку интелигентни од оние што не заработуваат многу

Да се биде на врвот на скалата за приходи не мора да значи дека сте попаметни од просечниот човек, според едно ново истражување - а оние што припаѓаат во првите на скалата на приходи имале пониски тестови за когнитивните способности од оние што заработуваат помалку од нив.

Истражувачите тврдат дека ова „плато на когнитивните способности“ меѓу оние што најмногу заработуваат покажува дека на највисоките скалила за заработка, ресурсите достапни поради нечие семејно потекло и среќните паузи во кариерата имаат поголема тежина од целокупната интелигенција.

Истражувачи од Универзитетот „Линкопинг“ во Шведска, Европскиот универзитетски институт во Италија и Универзитетот во Амстердам велат дека подобрата когнитивна способност игра поголема улога во скалата на платите.

- Откривме дека врската помеѓу способноста и платата е генерално силна, но сепак над 60.000 евра годишно се зголемува на скромно ниво од +1 стандардна девијација. Оние луѓе што спаѓаат во најдобриот 1 отсто дури имаат малку полоши резултати на когнитивните способности од оние под нив на скалата за приходи - пишуваат истражувачите во нивниот објавен труд.

Истражувањето се базира на податоци од 59.387 мажи од Шведска кои завршиле воен тест на возраст од 18 или 19 години.

Наодите го предизвикуваат стандардниот наратив дека многумина живеат во меритократија каде што успехот и повисоките нивоа на приход се заработуваат со супериорен интелект и талент. Кај најуспешните, податоците покажуваат дека интелигенцијата не се зголемува толку многу кога се оди повисоко и повисоко во заработката.

Тоа не значи дека да се биде паметен или напорно да учиш не е важно во однос на тоа колку заработуваш. И тоа има улога, но на највисоките нивоа на плати други фактори влегуваат во игра, а тие имаат поголемо значење со текот на времето. Тие можат да вклучуваат работи како социо-економско потекло, култура, особини на личноста и среќа.

Исто така, истражувањето покажа дека кај повисоките скалила на заработка, престижот на работата не се зголемува со когнитивната способност: кај лекарите, адвокатите и професорите поголемиот престиж не е директно поврзан со поголем приход.

Сето ова е важно во свет каде што ултрабогатите продолжуваат да се збогатуваат и имаат поголемо влијание врз глобалните политички, социјални и економски предели. Луѓето што најмногу заработуваат нема секогаш да бидат најпаметните луѓе во собата.

Со зголемен фокус на нееднаквоста низ светот, аргументот дека оние што земаат најголема плата го заслужуваат тоа, треба да се оспори, истакнуваат истражувачите - особено на највисокиот крај на скалата.

- Последниве години имаше многу академски и јавни дискусии за зголемената нееднаквост. Заедно со важната димензија на заслугите, когнитивната способност, не наоѓаме докази дека оние со врвни работни места кои заработуваат висока плата се позаслужни од оние што заработуваат половина од таа плата - велат истражувачите.

Извор: Science Alert
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот