X
 14.03.2023 Стипендии

Меѓууниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи во Шпанија за 2023-2024 година

Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје известува за огласот на шпанското Министерство за надворешни работи за прием на меѓууниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на дипломатската школа за 2023-2024 година.

Магистерските студии се консолидирани и познати како светска референца за подготовка на аналитичари и експерти за меѓународни односи и меѓународна политика, на шпански јазик.

Постои и можност за добивање стипендија.

Сите потребни информации може да се најдат на веб-страната на Министерството за надворешни работи на Шпанија, на: https://www.exteriores.gob.es/es/Ministerio/EscuelaDiplomatica/Paginas/Master/M%C3%A1ster-edici%C3%B3n-2023---2024.aspx

Kраен рок за доставување на пријавите и потребната документација е 1 април 2023 година.
Активен до:    01.04.2023

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии