X
 14.07.2017 Наука

Во која земја луѓето се најмрзливи?

Американските научници собрале податоци на глобално ниво од паметните телефони на луѓето за да утврдат колку се тие активни.

Анализата вклучила податоци колку за 68 милиони дена, а се покажува просечниот број на дневни чекори, кој изнесува 4.961. Хонг Конг е на првото место со 6.880 чекори дневно, додека Индонезија е на дното со просек од само 3.513 чекори дневно.

Резултатите исто така покажуваат некои детали што можат да помогнат во справувањето со дебелината. Повеќето паметни телефони имаат вградено апликација која ги брои чекорите, па научниците искористиле податоци од повеќе од 700 илјади луѓе што ја користат апликацијата. Просечниот број на чекори во земја изгледа дека е помалку важен за нивоата на дебелина. Клучна е нееднаквоста во активностите, односно разликата во мрзливоста и физичката активност. Колку е поголема нееднаквоста во активноста, толку се и поголеми шансите за дебелина.

Шведска има најнизок степен на дебелина, САД и Мексико имаат слични просечни бројки на поминати чекори, но САД имаат поголема нееднаквост во активностите и висок степен на дебелина. Научниците биле изненадени што нееднаквоста во активностите во голема мера е водена од разликите помеѓу мажите и жените. Во земји како Јапонија, со низок степен на дебелина и нееднаквост, мажите и жените вежбаат со речиси ист интензитет. Но, во земји со висока нееднаквост, како САД и Саудиска Арабија, жените поминуваат многу помалку време во физички активности.

Истражувачите велат дека овие резултати помагаат при објаснување на глобалните шеми за дебелеење и даваат нови идеи за справување со овие проблеми, како и промовирање на физичката активност.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука