X
 04.11.2017 Живот

Барате работа, можеби во овие земји е вашата перспектива

rabota

Според извештајот на Организацијата за економска соработка и развој, земајќи ги предвид односот на активната работна сила, населението и бројот на работни места, овие земји нудат најдобра перспектива за луѓето кои бараат работа.

1. Исланд


Оваа земја има еднаков однос на активно вработените мажи и жени, но и најголем број отворени работни места. Освен тоа, во Исланд повеќето луѓе работат на две или повеќе работни места, хонорарно. Стапката на невработеност е околу 4 отсто.

2. Шведска


Втора по ред, според бројот на луѓе кои спаѓаат во активната работна сила, но има и поголем број невработени отколку останатите земји. Причината за тоа веројатно е во одличната помош за невработените. Стапката на невработеност изнесува околу 7,4 отсто.

3. Норвешка

Оваа земја се смета за една од најперспективните во потрага по работа, еднакво и за мажите и за жените. Факултетските дипломи се голема предност. Стапката на невработеност е 4,39 отсто.

4. Колумбија

Оваа земја е одлична за пронаоѓање работа, но само за мажи, што го сочинуваат и поголемиот дел од работната сила, додека жените значително потешко наоѓаат работа. Стапката на невработеност изнесува околу 9 отсто. Единствената препрека? Нискиот животен стандард.

5. Естонија

Некогаш комунистичка земја, а денес земја со одлични развојни трендови и лидер во Источна Европа. Стапката на невработеност изнесува околу 6,2 отсто.

6. Русија

Руската економија закрепнува од катастрофални санкции, а им посакува добредојде на потенцијалните работници, особено оние во техничките и инженерските области. Стапката на невработеност изнесува околу 5,8 отсто.

7. Нов Зеланд

Нов Зеланд стана сè поатрактивна и популарна дестинација, а еднакви шанси за работа имаат и мажите и жените. Стапката на невработеност изнесува околу 5,25 отсто.

8. Швајцарија


Многу работници сонуваат за оваа земја поради одличната плата, работните услови и пензијата. Тамошната стапка на невработеност изнесува околу 4,48 отсто.

9. Финска

Уште една нордиска земја на списокот е Финска. Перспективата за работа е добра, но Финска има малку повисока стапка на невработеност, што изнесува околу 9,5 отсто. Платите се одлични.

10. Канада

Една од најпопуларните дестинации секако е Канада. Стапката на невработеност таму изнесува околу 6.9 отсто, а жените полесно пронаоѓаат работа отколку мажите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот