X
 14.07.2019 Живот

По петчасовно драматично финале на Вимблдон, Ѓоковиќ го победи Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Грен слемот Вимблдон во драматичното финале во пет сета против Роџер Федерер. Федерер не реализира две меч топки при водство од 8:7 во петтиот сет.

И двајцата тенисери уште еднаш ја покажаа нивната големина играјќи петчасовно финале на највисоко ниво.

Во петтиот сет за првпат на Вимблдон се играше според новото правило, 12:12 во гејмови и тогаш се премина на тајбрејк.

Ова е 16 грен слем титула за Ѓоковиќ во неговата кариера, а петта на Вимблдон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот