X
 14.07.2025 Живот

Одите на море со вашето куче? Едно нешто може да биде многу штетно за неговото здравје

Доколку одите на море и планирате да го поведете и вашето куче, треба да се осигурите дека не го изложувате на опасности, од кои најчест е топлотниот удар. Сепак, опасна може да биде и солената вода, која е многу штетна за кучињата во прекумерни количини.

Ако го оставите кучето во просторија без соодветна вентилација, топлотниот удар е најчестата опасност. Затоа, треба да му обезбедите доволно вода и сенка.

Други проблеми се остри камења што им ги оштетуваат шепите, каснувања од разни инсекти или змии што предизвикуваат реакции и комарци што пренесуваат болести.


Постојат и остри тревки што можат да им се заглават во шепите

Друга опасност може да биде морската вода. Солената вода во прекумерни количини е многу штетна за кучињата бидејќи предизвикува повраќање и дијареја, недостиг на апетит, а во тешки случаи - нестабилност во шепите, зголемена жед и мокрење, тремор, напади, па дури и кома.

Солената вода може сериозно да ги оштети и бубрезите, а кучињата брзо дехидрираат, па затоа превенцијата е многу важна.

За да се избегнат горенаведените непријатности, препорачливо е кучето да има простор за одмор под сенка и доволно количество обична вода достапна во секое време за да не дехидрира.

Булдозите, боксерите и мопсовите, кои веќе имаат тесни дишни патишта, имаат најмногу проблеми со топлината, како и потемните кучиња со подолго влакно и постарите кучиња со срцеви заболувања.

Извор: klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот