Во неодамнешна глобална анализа Јапонија е прогласена за земја со највисок просечен коефициент на интелигенција (IQ), со резултат од 106,48.
Истражувањето е спроведено од американскиот тинк-тенк „Вајсвоутер“, кој ја проценувал интелигенцијата на нациите врз основа на повеќе фактори, меѓу кои се и образованието и иновациите.
Ова истражување нуди увид во тоа како квалитетот на образованието и човековиот развој придонесуваат за националната интелигенција. Дополнително, економските и технолошките аспекти одиграле клучна улога во постигнувањето на ваквите резултати.
Во истражувањето се користени податоци од книгата „Интелигенција на нациjaта“ од 2019 година, која и покрај одредени критики, нуди цврста методологија за пресметување на просечниот IQ во 113 земји. Анализата ги претвора резултатите од образовните тестирања во процени на интелигенција.
Зошто Јапонија е најпаметната земја на светот?
Оваа источноазиска земја, која е глобално препознатлива по својата силна економија и посветеност на иновациите, има водечки компании во автомобилската, електронската и фармацевтската индустрија кои се клучен дел од нејзиниот развој.
Современата урбанизација и напредокот во здравството и одржливиот развој дополнително ги одразуваат напорите на земјата да го подобри квалитетот на живот на јапонското население.
Јапонскиот образовен систем се смета за пример за извонредност, со постојани вложувања во квалитет и иновации. Учениците уште од најрана возраст се изложени на средина што поттикнува дигитална писменост и критичко размислување.
Како се утврдува која земја е најинтелигентна?
Истражувањето се темели на извештајот „Интелигенција на нациjaта“, дело во кое резултатите од образовните тестирања се претвораат во просечен коефициент на интелигенција. Авторите Ричард Лин и Дејвид Бекер користеле репрезентативни податоци за да дадат сеопфатна слика за глобалната интелигенција.
Според резултатите, иако Јапонија се наоѓа на врвот, се истакнуваат и Финска со просечен IQ од 101,2 и Германија со 100,74. Од друга страна, Бразил се наоѓа на 93. место со просечен коефициент од 83,38, што укажува на предизвици во неговиот образовен систем.
Десетте најинтелигентни земји во светот
Јапонија - 106,48
Тајван - 106,47
Сингапур - 105,89
Хонгконг - 105,37
Кина - 104,10
Јужна Кореја - 102,35
Белорусија - 101,60
Финска - 101,20
Лихтенштајн - 101,07
Германија - 100,74
Истражувањето ја нагласува сложеноста на мерењето на националната интелигенција и укажува дека IQ е само еден од многуте фактори што треба да се земат предвид. Иако некои земји како Непал и Либерија се соочуваат со поголеми предизвици, не смее да се занемари значењето на научните иновации и академските постигнувања.
Извор:
n1info.hr
Фото: Pixabay