Во свет во кој се бара континуирана и динамична адаптибилност на знаењето, се издвојуваат одредени високообразовни институции кои не го третираат студентот како пасивен примател на информации, туку како активен учесник во обликување на општеството. Токму таков е Факултетот за општествени апликативни студии (ФУДШ) каде што образованието не е цел, туку средство за формирање студенти кои размислуваат критички, делуваат етички и се способни да предложат, применат и водат системски промени во општеството.
На ФУДШ во Нова Горица, Словенија, студиските програми се насочени кон градење вештини за идентификување проблем, разбирање на поширокиот контекст од кој произлегува, за дизајнирање решенија, аплицирање и ефективно комуницирање. Без разлика дали станува збор за стратешка комуникација, психосоцијално советување или менаџирање со социјални процеси, студиите се темелат на поврзување на теоријата со реалниот свет во кој студентите влегуваат по завршување на студиите. Затоа студентите проактивно се вклучуваат во проектни активности, истражувачки задачи, анализа на реални случаи и пракси кои овозможуваат непосреден увид во начинот на кој нивното знаење може да произведе вредност за нив и за општеството.
Пристапот на ФУДШ кореспондира со пошироките трендови на словенечкиот високообразовен систем, кој, според податоците на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), бележи една од највисоките стапки на вработливост кај младите со високо образование – дури 89,9 %, што е над просекот на Европската Унија од 83,2%. Овие статистички податоци се резултат на систем кој, како и ФУДШ, активно ги подготвува студентите со релевантни вештини за пазарот на труд, поттикнува интердисциплинарна мисла и ги поврзува академските знаења со реалните професионални контексти. Наставната методологија на ФУДШ е дизајнирана да ја трансформира теоријата во веднаш употребливо знаење. Студентите работат на реални задачи, решаваат конкретни општествени проблеми, спроведуваат истражувања поврзани со политики и комуникациски стратегии, при што стекнатите вештини ги применуваат во партнерство со различни институции и организации. За разлика од традиционалните академски пристапи, каде што т.н. „soft skills“ се третираат како спореден елемент, тука тие се суштински дел од секоја наставна активност – со методолошка прецизност и системска евалуација.
Меѓу карактеристиките што особено го издвојуваат ФУДШ е неговата изразена интернационална ориентација. Преку учество во програми како Erasmus+, CEEPUS и други билатерални соработки, студентите добиваат можност да студираат и да стекнуваат професионално искуство во различни културни и академски средини. Додека овие искуства ги прошируваат нивните образовни хоризонти, истовремено овозможуваат и развивање вештини кои имаат висока пазарна вредност – адаптибилност, меѓународна соработка, јазична и интеркултурна компетенција, како и дигитална комуникациска подготвеност. Истражувањата покажуваат дека студентите кои биле дел од програми за академска мобилност имаат поголема веројатност да се вработат побрзо, полесно да менуваат професионални насоки и поефикасно да се вклучат во глобални работни тимови – тренд кој веќе станува стандард дури и за почетните позиции на современиот пазар на труд.
Современите трендови на европскиот пазар на труд сè повеќе ја нагласуваат потребата од професионалци со интердисциплинарни вештини, луѓе кои разбираат општествени процеси и знаат како да ги артикулираат преку стратешска комуникација, да ги анализираат преку големи бази на податоци и да влијаат преку социјални иновации. Во тој контекст, дипломците на ФУДШ се вметнуваат како профили што одговараат на комплексноста на улогите што ги бара јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор. Професионалните патеки во кои се вклучуваат не се ограничени на една дисциплина, тие се ангажираат како креатори на комуникациски стратегии, координатори на иницијативи за локален развој, советници за политики или консултанти за етичка дигитална трансформација во различни владини и невладини организации и институции.
Разликата што ја носат со себе студентите кои завршиле на ФУДШ е содржана во степенот на академска подготвеност и во способноста за интегрално дејствување - да ја препознаат потребата, да иницираат промена и да преземат одговорност за нејзино спроведување. Затоа нивната професионална траекторија ја надминува логиката на „барање вработување“, движејќи се во насока на понуда конкретни решенија. Тие се појавуваат како партнери за различни општествени чинители, како релевантни гласови во јавните дебати и како носители на иницијативи со општествена корист.
Во услови на дигитална револуција, глобализирани општества и кризи што бараат брзи, но одржливи одговори, овие студентски профили стануваат сè повредни. Образованието на ФУДШ произведува токму такви генерации – кои не само што ги разбираат сложените општествени матрици, туку и умеат да ги преведат во јасни политики, социјални интервенции или комуникациски модели што носат влијание. На тој начин, ФУДШ проактивно ја премостува празнината меѓу академијата и пазарот на труд, создавајќи дипломци кои имаат капацитет за адаптација, критика и визија.ж
Повеќе информации за студиските програми, условите за упис и академската понуда на ФУДШ може да се најдат на официјалната веб-страница:
www.fuds.si/en. Таму се достапни детални описни профили за сите нивоа на студии – додипломски, постдипломски и докторски и практични информации за меѓународната мобилност, истражувачките активности и животот на студентите во Словенија.
(Комерцијална објава)