X
 14.10.2019 Живот

Политичар за пример - индискиот премиер Нарендра Моди чисти и собира ѓубре

Индискиот премиер Нарендра Моди на својот твитер-профил објави видео на кое, во пресрет на посетата на кинескиот претседател Си Ѓинпинг, ги собира отпадоците од плажата пред луксузниот комплекс во Махабалипурам, каде што требало да престојува.

Моди и Си се сретнаа во петокот и разговараа за Махабалипурам, крајбрежен град што се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО и е познат низ целиот свет по своите интересни историски споменици. Местото е популарно кај туристите поради можноста за сурфање.

Моди на својот твитер-профил објавил кратко видео на кое се гледа како бос собира ѓубре од плажата и го става во кеса.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот