X
 15.01.2015 Живот

Дали се осмелувате да го решите тестот за животот?

„Започнувам со диета од утре, откако ќе ја изедам оваа пица вечерва.“


„Треба да изгубам килограми, но сакам чоколади, торти, пудинг, пиво, вино...“

„Требаше да вежбам петпати неделно, но многу сум уморен денес.“

„Му ветив на шефот дека ќе го завршам проектов навреме, но тоа беше пред да се случи ова.“

„Го сакам сопругот/синот/братот/сестрата/мајката, но многу е тешко да се однесувам со нив со љубов.“

Да застанеме овде. Ова требаше да биде тест со десет прашања, но ќе се согласиме дека е лесно да се однесуваме недоследно во животот.

Брус Касаноф го напиша ова на „Линкедин“. Неговата цел е да докаже дека е полесно да се мисли доследно отколку недоследно.

Поголемиот дел од нас размислуваат недоследно. Останатите не донесуваат одлуки за Нова година. Тие не ја објавуваат намерата за свртување нов лист. Тие само го вртат листот.

Луѓето кои не размислуваат недоследно ги исполнуваат своите цели. Доколку кажале дека ќе ослабат, тие ќе ослабат. Доколку дадат збор, тие го одржуваат. Доколку на своите деца им кажат да се однесуваат со останатите со почит, тие, исто така, се однесуваат со останатите со почит.

Едно научно објаснување за недоследноста е дека „вие“ не сте вие. „Вие“ сте тие, група различни, често контрадикторни системи. Тие се систем кој бара здравје, а друг систем бара задоволство. Тие сакаат да бидат политички коректни, но сакаат и да кажат дека некој е идиот.

Колкупати сте слушнале некој кој зборува дека сака да биде писател, но не може да живее од тоа? Вашиот одговор сигурно бил: „Пишувај“.

Што би си одговориле себеси кога би се пожалиле дека не успевате да постигнете некоја цел за која се трудите одамна, тогаш?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот