X
 23.01.2015 Живот

Облачно со поинтензивни врнежи од дожд



Македонија во петок ќе биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд и ветровито. Локално се очекуваат да наврнат и до 30 литри. На планините над 1200 метри со врнежи од снег.

Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер.

Утринските температури од 2°C до 9°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 5°C односно до 13°C.

Во Скопје во петок ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито.

Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринската температура од 6°C, а максималната дневна температура до 10°C.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот